Дома Трансфер зона Лингард пред заминување од Јунајтед: Три клуба од Премиер лигата во игра за неговиот потпис

Лингард пред заминување од Јунајтед: Три клуба од Премиер лигата во игра за неговиот потпис

Џеси Лингард е на излезни врати од Манчестер Јунајтед.

Лингард не сака да биде резервиста со минимална минутажа додека Јунајтед сака да заработи од неговото заминување и не сака да си дозволи да го напушти клубот на лето како слободен играч.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Поради тоа негова продажба во зимскиот преоден рок би била во корист и на двете страни. Според најавите од Островот цената би требало да му изнесува околу 10 милиони евра.

Англиските медиуми шпекулираат дека во игра за потписот на Лингард се Њукасл, Вест Хем и Саутемптон. Еди Хау во Њукасл мора да се засили ако сака да избори опстанок, Вест Хем не е изненадување затоа што минатата сезона одигра одлична позајмица таму, додека неочекувано во трката влезе и Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…