Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на шампиони комплетно се менува, УЕФА го претстави новиот систем

Лига на шампиони комплетно се менува, УЕФА го претстави новиот систем

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го претстави новиот формат на Лигата на шампиони (ЛШ) што ќе профукционира од следната 2024/25 сезона.

Најважната промена е што во најсилното европско клупско натпреварување ќе учествуваат 36 клуба, а не 32 како досега.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема повеќе групи, туку се игра лига систем на натпреварување. Во првата фаза секоја екипа ќе има по осум натпревари и ќе собира бодови за да се пласира во следната фаза. Веќе нема да играат против истите противници дома и на гости.

Квалификациите за Лигата на шампионите ќе бидат отворени во зависност од пласманот на клубот во домашното првенство на крајот од претходната сезона и националниот коефициент. Дополнителни четири екипи влегуваат во Лигата на шампионите според следните правила.

Една третопласирана екипа од петтата најсилна лига во Европа според коефициентот на УЕФА.

Системот на бодување не се менува. Три бода ќе се добиваат за победа, а еден за нерешено. Осумте најдобри во Лигата ќе се квалификуваат директно во осминафиналето.

Екипите пласирани од 9. до 24. место ќе разигруваат во вториот круг (по еден натпревар дома и на гости) за пласман во осминафиналето.

Двојките во таа фаза ќе се решаваат со ждрепка, а екипите ќе бидат поделени во две групи; носители (од 9. до 16. место) и неносители (од 17. до 24. место). Потоа, победниците ќе играат против еден од осумте најдобропласирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …