Мохамед Салах блеска оваа сезона во дресот на Ливерпул, па не е ни чудо што Реал Мадрид покажува сериозен интерес да го доведе на „СантиагоБернабеу“.
Доколку Реал има сериозни намери за Салах, треба да преземе конкретни чекори и да испрати официјална понуда до „Енфилд“, а шпанските медиуми ја откриваат сумата која „црвените“ ја сакаат за неговата слобода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Ливерпул за потписот на Салах бара 180 милиони евра, исто колку што ПСЖ плати за Килијан Мбапе минатото лето, односно 20 милиони повеќе од Филипе Кутињо.
Салах дефинитивно оваа сезона покажува дека е еден од најдобрите фудбалери во светот, но тешко е да се каже дали навистина вреди 180 милиони евра.
Сепак, сега на потег е Реал Мадрид, кој треба да одлучи дали е спремен да ја плати споменатата сума.