Дома Топ вести Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул, се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира под водство на новиот менаџер на клубот, Марко Росе.

Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 50 милиони евра.

Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…