Италијанските медиуми пренесуваат дека нова мета на Ливерпул е талентот на Каљари, Николо Барела.
Станува збор за 21-годишен играч за врска кој оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу големи клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барела важи за еден од најголемите италијански таленти, а на Апенините го нарекуваат „новиот Наинголан“ бидејќи многу наликува на ѕвездата на Рома.
Може да ги покрие сите позиции во средниот ред, добар е во дефанзива, а исто така често помага во офанзивните акции и има добро чувство за гол.
За него силен интерес покажуваат најголемите италијански клубови Интер, Милан и Јувентус, но Ливерпул е спремен да го „икраде“ пред носот на Италијанците.
Наводно „црвените“ веќе спремиле понуди и стапиле во контакт со клубот од Сардинија.