Дома Топ вести Ливерпул сака „тандем од соништата“ – тргнува по Кулибали

Ливерпул сака „тандем од соништата“ – тргнува по Кулибали

Ливерпул е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесуваат италијанските медиуми.

Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, па најверојатно ќе ја промени средината ова лето.

Притоа, поради пандемијата неговата цена драстично ќе се намали, па би можел да го напушти клубот за 65 милиони евра.

Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул и да создаде тандем Кулибали – Ван Дајк, кои според многумина се двајцата најдобри дефанзивци во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…