И покрај фактот што не одиграл ниту еден натпревар оваа сезона, Ливерпул постави висока цена за напаѓачот Дивог Ориги.
Имено, Ориги може да го напушти „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, но само доколку некој клуб понуди 20 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белгиецот минатата сезона ја помина на позајмица во Волфсбург, оваа сезона се врати во Ливерпул, но не е во плановите на Јирген Клоп.
За него постои интерес од неколку клубови, особено од Евертон, но цената од 20 милиони фунти може да се покаже како голем проблем за напаѓач кој нема ниту една минута на теренот.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул сепак е спремен да седне на преговарачка маса и да ја намали цената за напаѓачот кој има договор со „црвените“ до 2020 година.
https://youtu.be/1QED9B4C3UQ