Дома Фудбал Ливерпул намерно службено ќе изгуби натпревар во Лигата на шампионите?

Ливерпул намерно службено ќе изгуби натпревар во Лигата на шампионите?

Ситуацијата со Ковид-19 може да доведе до една необична ситуација и Ливерпул намерно службено да изгуби натпревар во Лигата на шампионите.

Секоја држава има различни протоколи и мерки за Ковид-19, а најновите забрани за движење во Данска и Англија може да му направи проблем на Ливерпул. Имено, според правилата ако Ливерпул оди да гостува кај Митјиланд за еден месец кога ќе се врати ќе мора да биде во карантин од 14 и тоа значи дека нема да игра во Премиер лигата.

Поради ваквата ситуација медиумите на Островот пишуваат дека Ливерпул има намера да не патува во Данска и тој натпревар да го изгуби со службени 3:0. Тоа и не би било некој проблем за Ливерпул со оглед на тоа дека „црвените“ веќе имаат девет бода од првите три натпревари.

Во Ливерпул не сакаат да ги пуштат и младинците да одат на тој натпревар за и тие да не бидат во карантин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…