Реномираниот англиски „Тајмс“ ги потврдува пишувањата на италијанските медиуми за кои пишувавме претходно – Милан предводен од Звонимир Бобан за прв пик во одбраната го има Дејан Ловрен (тука).
Истиот извор пишува дека Ловрен е омилен стопер на новиот спортски директор на Милан Федерико Масара кој доаѓа од Рома, а претходно и таму се обидуваше да го доведе стоперот на „црвените“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тајмс“ пишува дека и покрај тоа што Ван Дајк, Матип, па дури Гомез го истуркаа Ловрен од првите 11-мина клубот за него не бара ниска сума и не би го пуштил за помалку од 25 милиони фунти (околу 28 милиони евра).
Се потсетува дека спортскиот директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс е мајстор за преговарање и извлекување на максимален износ при продажбата на играчите. Тоа го докажа и кога од Кутињо кој замина во Барселона на клубот му обезбеди сума од 142 милиони фунти со бонус, но и кога Доменик Соланке го отстапи на Бурнемоут за 19 милиони фунти.
Ловрен пред пет години дојде во Ливерпул од Саутемптон за оштета од 25 милиони евра. Оваа сезона од првотимец стана резервер и не е само повредата причина, туку и неговата слаба игра.
Во текот на 2018/2019 собра само 14 настапи во првиот тим на Ливерпул, додека во освојувањето на европскиот трон придонесе со само два од можни 13 настапи. После првото четвртфинале против Порто Ловрен повеќе не доби ниту минута во Лигата на шампионите.
Матип го превзема неговото место заедно со незаменливиот Вирџил Ван Дајк.