Дома Фудбал Италија Дејан Ловрен го напушта Енфилд и се сели во Серија А?

Дејан Ловрен го напушта Енфилд и се сели во Серија А?

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен (30) би можел ова лето да го напушти Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што тврдат италијанските медиуми, искусниот стопер кариерата би можел да ја продолжи во Милан, кој покажува голем интерес за неговите услуги.

Во наредните денови се очекува Паоло Малдини да именува нов спортски директор, а веднаш потоа да тргне по засилувања.

Најпрвин, договор ќе биде потпишан со новиот тренер. Росонерите го избраа Марко Џампаоло, кој ќе го замени Џенаро Гатусо на оваа позиција.

Веднаш потоа Милан тргнува по Ловрен. Наскоро се очекува официјална понуда до Ливерпул и се очекува Хрватот да ја продолжи кариерата во Милано.

Покрај Ловрен, на листата желби на тимот од Сан Сиро се уште и играчот на Сасуоло, Стефано Сенси и стоперот на Аталанта, Џанлука Манчини.

Дејан Ловрен веќе шест години игра во Англија. Во ПЛ пристигна во 2013. година во Саутемптон од француски Лион, а после само една сезона во овој тим премина во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чаби Алонсо на прагот на Премиер лигата?

Челзи ја доживува една од нивните најлоши сезони. Англискиот клуб несомнено следната сезон…