Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Парма, Дејан Кулушевски со своите добри игри го привлекол вниманието на најголемите италијански клубови, како и на други европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дејан Кулушевски има македонско потекло, но се реши да игра за шведската репрезентација. Оваа сезона игра фантастично во дресот на Парма и во јануари ќе се води „битка“ за неговиот потпис.
За неговиот потпис интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус, но сега во трката се вкучи и англискиот гигант Ливерпул.
Клубот од „Енфилд“ ќе испрати свои скаути во живо да го гледаат настапот на Кулушевски утре против Милан, а потоа „црвените“ ќе одлучат дали да испратат понуда во јануари.
Кулушевски има 19 години, на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.