Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој и двете страни се далеку од договор.
Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 9 милиони евра.
За Кеси интерес покажуваат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат без обештетување по завршување на сезоната.
Италијанските медиуми пренесуваат дека најконкретен интерес покажува Ливерпул кој е спремен да му понуди 10 милиони евра по сезона на Кеси.
Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Кеси иделано ќе се вклопи во неговиот тим и ќе му донесе поголема стабилност.