Италијанската „Ла Република“ пренесува дека Јувентус одбил пондуда од 100 милиони евра за Федерико Киеза.
Киеза минатата година пристигна во Јувентус како позајмен играч од Фиорентина, а клубот од Торино има можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот офанзивец во минатата сезона ги покажа своите квалитети и постигна 15 голови вио 46 настапи. Одлични настапи Киеза продолжи да прикажува на Европското првенство и беше еден од најдобрите играчи на Италија со која стигна до европското злато.
Ако Јувентус ја прифател понудата од Ливерпул тогаш Киеза ќе станел вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата после Пол Погба кој за 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.
Во Јувентус воопшто не размислувале да влезат во преговори затоа што повратникот на клупата на „старата дама“ Масимилијано Алегри во Киеза гледа како еден од главните играчи во новата сезона.