Дома Фудбал Англија „Ливерпул е одличен, но Гвардиола и понатаму е подобар од Клоп“

„Ливерпул е одличен, но Гвардиола и понатаму е подобар од Клоп“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Пол Сколс смета дека Ливерпул го очекува тешка работа на „Олд Трафорд“ и покрај тоа што Јунајтед е во криза.

Големото дерби во Премиер лигата на програмата е во недела. Последниот натпревар помеѓу овие два тима заврши без голови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Липверпул испушти голема прилика за победа на „Олд Трафорд“ минатата година. Можеби дури и во тој натпрвар ја изгубија титулата. Знаеме каков квалитет имаат „црвените“, добар тим се, но мораат да дојдат на „Олд Трафорд“ и да играат за да победат“, изјави Сколс.

Ливерпул има осум победи во исто толку натпревари. Од друга страна Јунајтед е на 12-тото место со само две победи досега.

„Црвените ѓаволи мораат да започнат да победуваат. Знаеме дека на Солскјер му е потребно време, но ако нема резултати луѓето ќе станат нестрпливи“, смета Сколс.

Потоа тој доби прашање дали Јирген Клоп е најдобар тренер на светот во овој момент.

„За мене не е. И понатаму би кажал дека Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Знам дека Ливерпул има осум бодови повќе, да ја освоија Лигата на шампионите, но се уште му недостасува Премиер лигата. Клоп е одличен менаџер, немојте да ме сфатите погрешно, но сепак би го ставил Гвардиола на првото место, Клоп на второто“, изјави Сколс.

Натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул се игра во недела во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…