Дома Фудбал Англија Ливерпул дојде во Лондон и покажа кој е шампион?

Ливерпул дојде во Лондон и покажа кој е шампион?

Играчите на Ливерпул покажаа супериорност над Челзи и рутински го освоија бодовите победувајќи ги „сините“ со 2:0.

„Црвените“ ја контролираа играта и напаѓаа од самиот старт, а Челзи спорадично се закануваше и во неколку ситуации беше опасен.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, „сините“ во последната минута од полувремето останаа со играч помалку откако Кристенсен го фаулира Мане како последен играч во одбраната.

Судината после прегледувањето на ВАР му покажа црвен картон на дефанзивецот, па Ливерпул имаше лесна задача вториот дел.

Садио Мане го отвори резултатот во 50-та минута, а само четири минути подоцна следуваше шок на „Стенфорд Бриџ“.

Најскапиот голман на светот, Кепа направи аматерска грешка и му ја подаде топката на Мане, кој го прифати подарокот и зголеми на 2:0.

Во 75-та минута Челзи имаше шанса да се врати во мечот, кога судијата покажа на белата точка, но Алисон го одбрани ударот на Жоржињо од 11 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …