Голманот Мамардашвили ќе потпише за Ливерпул, но сепак останува во Валенсија!
Да, добро гледате – Ливерпул не успеа да ја убеди Валенсија во поинаков исход, бидејќи Шпанците бараа пари за трансферот и останување на позајмица до следното лето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Не беше против ниту Мамардашвили, најважно му беше да обезбеди потпис за Ливерпул, а бидејќи останувањето на „Местаља“ беше единственото решение, го прифати.
Веќе е познато дека Ливерпул го назначи Грузиецот како долгорочна замена за Алисон, но тој нема да оди во Бурнмут на адаптација, туку ќе остане во Шпанија.
Ливерпул за неговиот трансфер ќе плати 40 милиони евра, а Валенсија на голот ќе го има својот најдобар играч до летото 2025 година.