Дома Фудбал Останато ЛЕ: Јунајтед со пресврт избегна срам во Кипар, Звезда убедлива против Ференцварош 🎥

ЛЕ: Јунајтед со пресврт избегна срам во Кипар, Звезда убедлива против Ференцварош 🎥

После натпреварите во Лигата на шампионите денес на ред беа возбудувањата во Лигата на Европа.

Црвена Звезда во еден од поинтересните натпреревари кои се играа во терминот од 18:45 часот го совлада Ференцварош со убедливи 4:1.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако пред натпреварот Ференцварош во овој дуел влезе како фаворит Звезда одигра одличен меч и стигна до првата победа оваа сезона во групната фаза после двата стартни порази, додека за Ференцварош ова беше првиот пораз.

До водство српскиот гигант дојде со гол од пенал на Канга во 27. Минута, а само осум минути подоцна Митровиќ зголеми на 2:0. На самиот старт од второто полувреме Звезда продолжи со одличната игра и преку Катаи веќе имаше 3:0.

Само десет минути по голот на Катаи, Канга со фантастичен удар од далечина го постигна својот втор гол на натпреварот. Утешниот гол за гостите го постигна Захриасен на 20 минтуи пред крајот на натпреварот.

Манчестер Јунајтед со пресврт славеше на гости против Омонија и не дозволи ново разочарување за навивачите. Омонија стигна до водство после половина час игра со голот на Ансфрифард и тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.

Јунајтед изедначи преку Рашфорд во 53. минута, а десет минути подоцна Марсијал стрелаше за пресврт. Рашфорд постигна втор гол за 1:3, а Панагиоту во финишот ги постави конечните 2:3.

Енис Барди во поразот на Трабзон на гости кај Монако 3:1 ги одигра последните десетина минути од натпреварот.

Лига Европа 18:45:

Црвена Звезда – Ференцварош 4:1

ХЈК – Лудогорец 1:1

Малмо – Унион Берлин 0:1

Монако – Трабзонспор 3:1

Шериф Тираспол – Реал Сосиедад 0:2

Штурм – Лацио 0:0

Цирих – ПСВ 1:5

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…