Дома Трансфер зона Лестер прифати 80 милиони – Марез утре на прегледи во Сити

Лестер прифати 80 милиони – Марез утре на прегледи во Сити

Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез конечно ќе го напушти Лестер и ќе се пресели во Манчестер Сити за 80 милиони евра, пренесува „Скај Спорт“.

Како што наведува „Скај Спорт“, Лестер ја прифатил понудата на „граѓаните“ која е за 20 милиони евра повисока од онаа која ја нудеше Сити во јануари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тогаш Марез беше пред трансфер на „Етихад“, но Лестер не го пушти, па фудбалерот најави штрајк.

Сега конечно ќе му се исполни желбата на Алжирецот да стане „граѓанин“, но и на Гвардиола кој силно го посакуваше Марез во својот тим.

Се очекува Марез до крајот на неделата да пристигне на лекарски прегледи во Манчестер за да го комплетира трансферот во Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го праќа Гулер на часови кај Чаби Алонсо

Реал Мадрид е спремен да го пушти Арда Гулер на позајмица во зимскиот преоден рок. Неколку…