Дома Трансфер зона Лестер од Челзи носи наследник на Варди?

Лестер од Челзи носи наследник на Варди?

Toмас Тухел не му верува на Тами Абрахам кој сезонава постигна 12 гола и тој не се најде на клупата за мечот против Манчестер Сити во полуфиналето од ФА Купот.

Поради ситуацијата на Абрахам од кога дојде Тухел се пишува за можно заминување на напаѓачот. Ситуацијата со него ја следат Лестер и Вест Хем.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кај Френк Лампард Абрахам беше еден од клучните играчи. Со 18 гоола минатата натпреварувачка сезона беше најдобар стрелец на екипата, повторно го носи тој ептитет, меѓутоа не се вклопува во плановите на Тухел.

„Не носам одлуки врз основа на личната статистика на играчи. Нема влијание на играта какво што се бара од него. Потоа се повреди и ја изгуби можноста да се бори за место во екипата. Се наоѓаме во клучен дел од сезоната кога не е едноставно да се врати формата на одреден ииграчи. На него останува да напраи се што може“, изјави Тухел.

Лестер го продолжи договорот со Инхеначо, но и понатаму „лисиците“ бараат напаѓач кој би можел да го наследи Џејми Варди. Искусниот напаѓач е врзан со клубот до 2023 година и веројатно договорот ќе одработи до крај. Варди во јануари ќе наполни 34 години, па се добива впечаток дека му е потребна адекватна замена која наскоро би можела да ја превземе улогата на прв напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го сака дефанзивецот на Баерн Минхен

Милан е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Н…