Десет натпревари во НБА лигата беа одиграни изминатата ноќ.
Во еден од најинтересните натпревари од источната конференција Милвоки Бакси без поголеми проблеми ја совладаа Индијана со резултат 130:110. Бакси доминираа во текот на три четвртини. Во последната попуштија па Пејсерси успеаа да дојдат до -20.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Домаќините до победата ги предводеше Јанис Антетокмупо со трипл-дабл учинок од 21 поен, 14 скокови и 10 асистенции. На другата страна Домантас Сабонис имаше 33 поени и 12 скокови.
Лос Анџелес Клиперси лесно дојдоа до победа на гости кај Кливленд со 121:99.
Пол Џорџ го предводеше тимот од Лос Анџелес со 36 поени, Каваи Ленард додаде 24, а кај Кавси Колин Секстон уфрли 27.
Далас Маверикс на гости славеа против Атланта со 122:116. Лука Дончиќ одигра уште еден добар натпревар и мечот го заврши со 27 поени, 14 асистенции и 8 скокови. Кристап Порзингис уфрли 24 поени и украде 11 топки. Џон Колинс со 35 поени и 12 поени не им беше доволен на Хокси вечерва.
НБА РЕЗУЛАТИ: Шарлот – Филаделфија 111:118, Милвоки – Индијана 130:110, Атланта – Далас 116:122, Чикаго – Њујорк 103:107, Кливленд – ЛА Клиперс 99:121, Мајами – Вашингтон 100:1003, Оклахома – Хјустон 104:87, Сан Антонио – Минесота 111:108, Њу Орлеанс – Феникс 123:101, Сакраменто – Бостон 116:111.