Дома Трансфер зона Леонардо пред нова „невозможна мисија“: Го носи Рабио во Милан

Леонардо пред нова „невозможна мисија“: Го носи Рабио во Милан

Новиот директор на „росонерите“, Леонардо работи напорно на трансфер пазарот за да изгради што е можно посилен тим за следната сезона.

Во моментов е при крај размената со Јувентус според која Милан ќе ги добие Калдара и Игуаин, но трансфер пазарот за „росонерите“ не завршува тука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Милан сака до крајот на преодниот рок да донесе еден крилен напаѓач (види ОВДЕ) и еден играч за врска.

Италијанските медиуми денес лансираа нова „бомба“ и тврдат дека Леонардо се обидува да го донесе Адриен Рабио од Пари Сент Жермен. Плејмејкерот влегува во последната година од договорот и е на излезна врата од ПСЖ, но за него силен интерс покажува Барселона.

Леонардо пред два дена имал разговор со неговата мајка, која е и негов менаџер, но и со самиот играч кој одлично го познава од времето кога работеше во ПСЖ.

Рабио во Барселона ќе треба да се бори со големата конкуренција во средниот ред, додека Леонардо во Милан му нуди централна улога во тимот и голема минутажа.

Италијанските медиуми тврдат дека овој трансфер е исклучително тежок, но не и невозможен, а се ќе биде јасно после состанокот на играчот со раководството на ПСЖ кој е закажан за во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…