Дома Фудбал Италија Леонардо остро кон Игуаин: Мора да направи нешто за тимот!

Леонардо остро кон Игуаин: Мора да направи нешто за тимот!

higuain

Директорот на Милан, Леонардо имаше остри зборови за Гонзало Игуаин, аргентинскиот напаѓач кој во текот на овој преоден рок голем број медиуми го селат во Челзи.

Аргентинецот пристигна во Милан на позајмица од Јувентус, а клубот може да го откупи за сума од 36 милиони евра. Искусниот напаѓач поминуваше низ тешки периоди, но Леонардо смета дека мора да се „фати за работа“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мора да донесе одлука и да превземе одговорност, а не ова стандардното – да/не, не сум сигурен. Имаше тешки моменти кои мора да ги остави зад себе и да се „фрли на работа“. Нема смисла да се следат гласините и шпекулациите. Во овој момент е тука и треба да прави нешто за тимот. Еден погодок може да ги промени работите. Ако сака да продолжи тука мора да превземе одредена одговорност“, отворено порача Леонардо.

Потоа тој потврди дека не добиле понуди за Борини од Шензен и Ален Халиловиќ од Бешикташ.

„Не сме добиле официјални понуди за Борини и Халиловиќ. Имаме 30 играчи во тимот, јасно е дека мора некој да замине. Рикардо Монтоливо? Ќе видиме“, истакна Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…