Килијан Мбапе сите го гледаат како наследник на Карим Бензема во Реал Мадрид, Нејмар се поврзуваше со Барселона сега нешто помалку, но се уште не може да се каже со сигурност дека ќе остане во ПСЖ.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо сега потврди дека со Нејмар и Мбапе и уште неколкумина се водат преговори за продолжување на договорот, но истакна дека нема да биде лесно затоа што клубот претрпел големи финансиски загуби.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Започнавме преговори со Нејмар, Мбапе и Ди Марија, дури и со Бернат и Дракслер. Зборуваме за можноста да ги продолжат договорите и тие ќе се интезивираат во наредните недели. Не заборавајте дека ПСЖ претрпе големи финансиски загуби во текот на години, во комплицирана ситуација сме и нема да биде лесно. Со Мбапе и Нејмар сме директни во контактите“, откри Леонардо.
Инаку денес се појави информација од шпанските медиуми дека Перез за Мбапе е спремен да плати 120 милиони евра (повеќе за ова тука).