Гери Невил и Џејми Карагер имаа остри критики за двајцата најплатени играчи на Манчестер Јунајтед по натпреварот против Кристал Палас.
Мурињо призна дека неговиот тим грешел и примил наивни голови, но Гери Невил беше многу пожесток во критиката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Погледнете колку лошо играше Манчестер Јунајтед во првото полувреме. Санчез ја изгуби топката 19 пати а мислам дека Пол Погба дури беше и полош. Тие би требало да се играчи од светска класа, ама се однесуваат несериозно, играат како деца на игралиште и мислат дека можат да прават што сакаат“, изјави Карагер.
Гери Невил се согласи со него и рече дека ја оправдува одлуката на Мурињо да го седне на клупа младиот Французин бидејќи тој во моментов не ги задоволува стандардите на Манчестер Јунајтед.