Навивачите на Валенсија бараат заминување на првиот човек на клубот Питер Лим.
66-годишниот сингапурски магнат пред седум години ја презема Валенсија и тргна со големи амбиции и вложувања. Сепак Валенсија не успеа никако да се пробие кон врвот во Ла Лига. Легендарниот голман на клубот Сантијаго Канизарес им порача на најдобрите играч, Карлос Солер и Хозе Гаја да си заминат.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„За Валенсија играв десет години. Тука ги поминав најдобрите денови од кариерата, се уште живеам во градот. Тука ми се родија шест деца, но им порачувам да не ги продолжат договорите и да заминат. Нека кажат дека треба да си ги штитат своите интереси и нека пронајдат клуб каде што ќе се чувствуваат пријатно и каде се ќе биде професионално“.




„Зошто да останат во Валенсија со спортски директор за кој не знаеме дека постои? Никогаш ништо не изјавува, дури не го знаеме и неговото име. Прашајте ги навивачите кој е спортски директор – никој не знае! Гаја и Солер се поголеми легенди од ние што освојувавме трофеи. Ако одлучат да останат тоа ќе биде најдобар доказ за нивната великодушност“, изјави Канизарес.
Во овој момент екипата на Валенсија е на средина од табелата со 17 освоени бодови.