Дома Трансфер зона Легендата на Барса: Нејмар порано или подоцна ќе игра за Реал Мадрид

Легендата на Барса: Нејмар порано или подоцна ќе игра за Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо смета дека неговиот сонародник и сегашен фудбалер на Пари Сен Жермен, порано или подоцна ќе заврши во Реал Мадрид.

Ова лето посебно на стартот од преодниот рок, многу се шпекулираше за потенцијалниот трансфер на Нејмар во редовите на Реал Мадрид, но сега е јасно дека барем ова лето од таков трансфер нема да има ништо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, легендарниот Ривалдо смета дека порано или подоцна Нејмар ќе заврши во Мадрид.

„Верувам дека Нејмар и наредната сезона ќе игра во Франција. Во фудбалот никогаш не можете да бидете сигурно, посебно кога се трансферите во прашање. Се е отворено додека рокот не истече. За сега мораме да веруваме во неговите зборови дека ќе остане во Париз, но од мои извори разбрав дека порано или подоцна ќе го облече дресот на Реал Мадрид“, изјави Ривалдо.

Ќе потсетиме, Нејмар минатото лето од Барселона премина во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните при…