Џанлуиџи Буфон изгледа и понатаму не размислува за крај на кариерата.
Легендарниот голман ја заврши својата едногодишна епизода во Париз. Од Франција заминува со трофејот во Лига 1, но и со горк вкус поради раната елиминација во Лигата на шампионите, ПСЖ беше поразен и во финалето од францускиот куп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите Буфон се уште не размислува да се повлече, а според некои информации има понуди од клубот каде што започна Парма и уште некои други клубови.
Многумина сепак сметаат дека е дојдено време да се пензионира и со нив се сложува легендата на италијанскиот фудбал, Џанлука Паљука.
„Без никакво сомневање можам да кажам дека Буфон е најдобриот голман во последните 20 години. Константен е, со една реченица комплетен голман. Како добар пријател го советувам да ја испочитува својата кариера. Продолжувањето понатаму е ризик. Тажно е да се има крај како на Тоти, така да го советувам да се повлече веднаш“, изјави Паљука за „Газета дело Спорт“.
Останува да се види дали Буфон ќе го послуша советот на постариот колега, но мора да се признае дека сигурно и добар дел од јавноста сака да го види Буфон на голот на Парма, тоа би било една убава приказна.