Дома Фудбал Англија Легендарниот Беркамп се враќа во Арсенал?

Легендарниот Беркамп се враќа во Арсенал?

Легендарниот холандски фудбалер Денис Беркамп најави дека би можел да се врати во Арсенал.

Беркамп наголема трага остави токму во дресот на Арсенал, кој пред стадионот му постави и статуа, а многумина се прашуваат каде е денес и што прави.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во разговор за магазинот “Four Four Two” Беркамп откри дека после кариерата му се посветил на семејството, но сега размислува за враќање во Арсенал во поразлична улога.

„За сега ми е добро во Холандија, имам семејство и уште некое време ќе го живеам овој живот. Но, морам да кажам дека ми недостасува фудбалот, теренот…Размислувам за тоа да се вратам во Арсенал, како тренер или член на управата.“ – изјави Беркамп.

На Хајбери помина 11 години.

„Моментално нема никакви разговори за мое враќање, но ќе видиме, морам прво да донесам одлука. Нормално дека би било добро да се вратам, таму поминав 11 години…“- додаде легендарниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рапер го навреди Мбапе, Французинот брзо му одговори: Ме молеше да те пуштам на стадион!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е во центарот на вниманието во француската јавност пора…