Дома Фудбал Останато Левандовски: На кого би му ја дал „Златната топка“? На самиот себе

Левандовски: На кого би му ја дал „Златната топка“? На самиот себе

Голем дел од фудбалската јавност смета дека сезонава Роберт Левандовски е оштетен затоа што не се доделува „Златната топка“.

Поради пандемијата со коронавирусот „Франс Фудбал“ се реши да не се доделува ваквата награда и за првпат во историјата од кога е почнато да се доделува нема да имаме победник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот напаѓач има фантастична сезона зад себе во која го освои трофејот од Лигата на шампионите и со тоа уште повеќе добива на тежина барањето да му се додели „Златната топка“.

Левандовски сега беше запрашан од новинарите на кого би му ја доделил оваа награда и тој даде искрен одговор.

„На кого би му ја доделил Златната топка? На самиот себе“, изјави напаѓачот на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…