Леброн Џејмс оваа сезона одлучи да ја промени средината и пристигна во Лос Анџелес Лејкерси.
Џејмс пристигна во Лејкерси со надеж дека со овој тим ќе може да ја нападне титулата. Сепак на почетокот работите тргнаа според планираното. Забележително е дека Леброн нема адекватна поддршка од соиграчите и Лејкерси кои сега се на 10-тата позиција тешко ќе стигнат до плеј-офот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралот“ се обидуваше да издејствува засилување, многу играчи се поврзуваа со клубот од Лос Анџелес, а еден од нив беше и Ентони Дејвис.
Леброн не е навикнат на порази и неуспеси со оглед дека 14 сезони во низа игра во плеј-офот не му се допаѓа тоа што оваа сезона можеби нема да се најде во завршницата. Поради таквата ситуација Леброн преку медиумите испрати критики до соиграчите.
„Последните неколку години овде сите едноставно се навикнале на порази. Тоа им е како нешто вообичаено. Мене не ми е! Мене тоа никогаш нема да ми биде нормално. Не знаат што пропуштаат затоа што никогаш не биле во плеј-офот. Проблем е што овде поразите се сфаќаат комфорно. Имаме уште дваесетина натпревари…Не знам ќе видиме што ќе се случи на крајот“, изјави Џејмс.
Останува да видиме дали оваа порака на Џејмс ќе допре до неговите соиграчи.