Дома Останати Кошарка НБА Леброн и понатаму ги поместува границите, Атланта и Индијана постигнаа 309 поени 🎥

Леброн и понатаму ги поместува границите, Атланта и Индијана постигнаа 309 поени 🎥

Леброн Џејмс е најефикасниот кошаркар во историјата на НБА лигата, но „кралот“ и понатаму продолжува да ги поместува границите.

Лејкерс изминатата вечер ја победија Јута со 131:99, а во овој натпревар Леброн стана првиот кошаркар кој ја минал границата од 39.000 победи во најсилната кошаркарска лига. Пред натпреварот на „кралот“ му беа потребни само пет поени и го заврши со вкупно 17.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следна цел во неговата кариера ќе биде 40.000 поени. Ако го заобиколат повредите не е исклучено тоа достигнување да го оствари и оваа сезона. Неговиот просек во овој момент е 26.4 поени по натпревар.

Од останатите средби за издвојување е супер-ефикасниот дуел помеѓу Атланта и Индијана на кој се постигнаа вкупно 309 поени. Гостите славеа победа со 152:157. Најефикасен на средбата беше Тре Јанг со 38 поени. Српскиот интернационален Богдан Богдановиќ натпреварот го заврши со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Торонто 126-107

Атланта – Индијана 152-157

Филаделфија – Кливленд 119-122

Феникс – Портланд 120-107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…