Дома Останати Кошарка Леброн за предноста на европските кошаркари: Не верувам дека за Дончиќ сето ова е застрашувачки

Леброн за предноста на европските кошаркари: Не верувам дека за Дончиќ сето ова е застрашувачки

Леброн Џејмс смета дека знае која е најголемата предност на европските кошаркари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Претходно кошаркарите од Европа добивале пофалби од Грег Поповиќ и Коби Брајант, а сега тоа го направи и Леброн Џејмс.

Секако, поводот беше Лука Дончиќ, односно натпреварот помеѓу Далас и ЛА Лејкерси.

Дончиќ на 19 години веќе успешно игра во НБА лигата, а после натпреварот доби и дрес потпишан од Леброн.

„Европските кошаркари побрзо се развиваат од НБА играчите. Мислам дека Дончиќ во професионална фаза беше на само 15 години, така? Верувам дека сето ова за него не е застрашувачки. Не мислам дека ова беше нешто што не видел претходно“.

„Тоа е најдобрата работа во европската кошарка. Се развиваат толку рано и се повеќе спремни“, изјави Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…