Првенството во Шпанија ќе продолжи во јуни, иако се уште се чека официјална потврда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според тврдењето на тренерот на Леганес, Хавиер Агире, Ла Лига ќе започне на 20. јуни и ќе трае до 26. јули.
Тој исто така истакна дека натпреварите ќе се играат во среда, четврток, сабота и недела. Датумите предвидени за натпревари во средината на неделата можат да бидат проблем за клубовите кои играат во Европа, но веројатно во Ла Лига имаат решение и за тоа.
Во Ла Лига до крајот останаа уште 11 кола, а Барса е лидер со 58 бода, додека Реал Мадрид има два бода помалку.
Иако Шпанија е меѓу најпогодените земји од Ковид-19 во светот, тамошната фудбалска Влада прави се за сезоната да се одигра до крајот.