Дома Фудбал Лајпциг ја отвара сезоната пред 8.500 навивачи!

Лајпциг ја отвара сезоната пред 8.500 навивачи!

Новата сезона во Бундеслигата официјално ќе биде отворена на 18. септември.

Од поодамна во Германија се зборува за можноста да се вратат навивачите на стадионите, а многу зависи од епидемиолошката ситуација и локалните и државните власти.

Денес пристигнуваат вести дека градот Лајпциг дал дозвола за присуство на значаен број навивачи во натпреварот од првото коло помеѓу Лајпциг и Мајнц.

Лајпциг денес соопшти дека добиле дозвола да присуствуваат 8.500 навивачи за првиот натпревар во сезоната. Таа бројка е 20% од „Лајпциг Арената“ која има капацитет од 42.000 навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…