Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и покрај економската криза во која се наоѓа клубот, веќе им соопштил на своите соработници дека Халанд пристигнува на лето на „Ноу Камп“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој е оптимист за реализација на трансферот бидејќи веќе има договор со агентот Мино Раиола, тврдат шпанските медиуми.
Лапорта имаше средба со Раиола на почетокот на декември и наводно постигнал начелна согласност за трансферот. Сега ќе треба да обезбеди над 100 милиони евра за трансфер сумата, провизијата за Раиола и провизијата за таткото на играчот.




Во Барселона, Халанд би добил гаранција дека ќе биде лидер на проектот, без други поголеми ѕвезди од него.




Реал Мадрид исто така е сериозно заинтересиран за Норвежанецот, па Лапорта ќе направи се за да го „укарде“ играчот пред носот на големиот ривал.