Жоан Лапорта се врати на претседателското место на Барселона, каде што беше и претходно во период од 2003 до 2010 година.
Лапорта победи убедливо на изборите, па веднаш почна потрага по засилувања, а шпанските медиуми објавија дека тој веќе разговарал со агентот на Давид Алаба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пишува дека Лапорта ги замолил менаџерите на Алаба да почекаат до неговата победа, по што ќе почнат официјални преговори.
Покрај Барселона и Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на Алаба, па сигурно ќе видиме и „Ел Класико“ на трансфер-маркетот, а во следните месеци ќе бидат појасни многу работи.
Баерн претходно се обиде да го задржи Алаба, но тој не го прифати договорот од 20 милиони евра годишно.