Дома Фудбал Англија Лампард: Навивачите на Челзи да се вратат во реалноста

Лампард: Навивачите на Челзи да се вратат во реалноста

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека е разочаран од резултатите на лондонскиот клуб оваа сезона, но ги советува навивачите да бидат реални.

Лампард им порача на навивачите да немаат високи очекувања, бидејќи Челзи моментално не е тим кој е во Топ 8 во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Челзи имавме среќа 20 години. Кога вниманието е насочено кон тебе, тогаш мораш да го прифатиш тоа. Дури и како навивачи, можете да бидете фрустрирани и да барате повеќе, но мора да ги сфатите и претходните 20 години во Челзи. Не сум тука да се жалам или да бидам навреден. Оваа сезона нема Лига на шампиони, ниту топ 8. Некои фанови не сакаат да го чујат тоа, но тоа е реалноста во која се наоѓаме“, вели Лампард.

„Јас сум третиот или четврти менаџер. Со самото тоа гледате дека се работело за тешка сезона. Ситуацијата за мене е пооинаква, бидејќи сега сум привремен менаџер. Тоа е нормално во притисокот и големиот бизнис во модерниот фудбал. Сфаќам во каква ситуација дојдов и немам многу време за жалење“, додаде Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ужас: Родители се степале на детски фудбалски турнир, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Наместо да го промовира детскиот спорт, фудбалскиот турнир во Златибор се претвори во инци…