Според информациите на „Ел Десмарк“ Френк Лампард покажал интерес за фудбалерот на Реал Мадрид Винисус Жуниор.
На Челзи неодамна му беше укината забраната за трансфери и „сините“ ќе може да купуваат уште овој јануари. Со тимот на Лампард се поврзуваа неколку имиеа, а најново е Винисус Жуниор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ел Десмарк“ пишува дека Челзи во јануари ќе направи обид да го доведе младиот 19 годишен талентиран фудбалер.
Винисус во Реал не добива премногу голема минутажа кај Зидан, меѓутоа впечаток е дека Реал нема така лесно да се откаже од услугите на фудбалерите кој беше доведен со големи очекувања.
Позајмица можеби на „кралевите“ ќе им одговара, но не е познато дали во Челзи би биле заинтересирани да доведат играч за да му помогнат на Реал да собере искуство.