Лестер е фаворит за потписот на играчот на Ливерпул, Адам Лалана, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
31-годишниот Англичанец чии договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на „лисиците“.
Според медиумите, клучна улога во неговиот избор може да одигра менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс. Токму Роџерс го донесе Лалана во Ливерпул во 2014 година.
За Лалана, покрај Лестер интерес покажуваат уште Тотенхем, Арсенал и Вест Хем, но „лисиците“ во моментов се фаворити за неговиот потпис.
Наводно преговорите се во напредна фаза, па можно е наскоро Лалана да потпише преддоговор со Лестер. Англичанецот оваа сезона има 19 настапи за Ливерпул, но претежно е втор избор.