Играчот за врска на Ливерпул, Адам Лалана се збогува со клубот од „Енфилд“ од каде заминува како слободен агент.
Иако се шпекулираше дека тој може да ја продолжи кариерата во Лестер,сепак англискиот фудбалер го избра Брајтон.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Триесет и двегодишниот Англичанец потпиша договор со Брајтон до 2023 година.
Лалана одигра 178 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола. Тој веќе се збогува со тимот во кој стана шампион на Англија, а исто така ги освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.