Дома Останати Ракомет Лазаров: Спремни сме за Данска, но да не заборавиме дека тие се најдобрата селекција во светот

Лазаров: Спремни сме за Данска, но да не заборавиме дека тие се најдобрата селекција во светот

Македонската ракометна репрезентација ги има последните подготовки пред утрешниот натпревар против Светскиот шампион Данска.

Данска е веќе во Скопје и натпреварот е закажан за утре во 20:00 часот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Спремни се за овој предизвик. Имавме доволно време, подготовките ги започнавме два дена порано. Комплетни сме, Пешевски ни се придружи во вторникот, а останатите интернационалци се тука од понеделник. Добро знам како треба да се подготвуваме и слободно можам да кажам дека спремни сме за Данска. Меѓутоа не смееме да заборавиме дека играме против репрезентација која е светски и олимписки шампион“.

„За мене како селектор и за сите играчи треба да биде чест што едно ново поглавје започуваме со најдобрата репрезентација на денешницата. Се надеваме, тоа е спортски, а јас како сeлектор и капитен доделив јасни задачи на играчите. Комплетната слика за оваа Македонија ќе ја имаме после двата натпревари. Од видео анализата научивме многу работи, дури и јас кој сум видел толку многу во ракометот. Не се случајно два пати светски шампиони едно по друго“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…