Maкедонската ракометна легенда Кирил Лазаров верува дека во иднина Македонија може да се бори за медал на неое големо натпреварување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во овој момент Лазаров има двојна улога во националниот тим као селектор и капитен на теренот.
„За тренерската работа се подготвувам подолго време. Во овој момент репрезентацијата е во фаза на транзиција, смена на генерации. Не чека многу работа, целта е да се создаде една нова генерација. Предизвикот е да се обидеме да направиме нешто квалитетно за кое ќе слушне Европа. Немаме преголем материјал, но верувам дека можеме и на овој начин кога многумина не отпишаа. Се зборуваше дека после мојата генерација нема да има ракомет во Македонија. Сакаме да покажеме дека не е така“.
Лазаров е оптимист и сака да освои медал со Македонија на голем турнир.
„Сакаме да бидеме конкурентни, секако дека нашиот сон е полуфинале и медал. Може да биде потребно време да се средат работите, но ако не верував во оваа репрезентација немаше да се нафатам на овој предизвик“, изјави Лазаров.