Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Дојдовме со „детска градинка“, Раул е еден од најдобрите!

Лазаров: Дојдовме со „детска градинка“, Раул е еден од најдобрите!

Македонската ракоментна репрезентација загуби во клучниот меч против Исланд (24:22) и не се пласира во следната фаза на Светското првенство.

Капитенот Лазаров вели дека тоа се должи на релативно подмладениот состав и дека ова не смее да не демотивира.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ние уште на ждрепката немавме среќа, а дури и да поминевме ќе налетавме на Франција, Гермнаија, Бразил во другата група. Силно посакувавме да играме во следната фаза, ама и пред СП реков дека ќе биде светско чудо ако поминеме бидејќи овде дојдовме со детска градинка. Може да кажам дека овие млади играчи се наш голем потенцијал, токму затоа и овие натпревари за овие млади момци се собирање искуство кое треба многу да им значи во иднина“, истакна Лазаров, а потоа му даде поддршка на селекторот Раул Гонзалез.

„Ви гарантирам дека Раул Гонзалес е меѓу тројцата најдобри тренери во светот. Знам дека е критикуван за време на Светското првенство, но сите ние што работиме со него знаеме за каков стратег станува збор. Чест и задоволство е да се работи со него“, заклучи Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фудбалерите до 21 година ги стартуваа подготовките за Гибралтар и Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ги започна подготовките за пр…