Дома Фудбал Кутињо ја разгледуваше Барселона со семејството, па остана без автомобил (ФОТО)

Кутињо ја разгледуваше Барселона со семејството, па остана без автомобил (ФОТО)

Барселона утре во Лондон игра против Челзи во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а Ернесто Валверде нема да може да смета на Филипе Кутињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот фудбалер стигна изминатиот месец во Барселона како големо засилување, но нема да има право да настапува оваа сезона во ЛШ, бидејќи веќе играше за Ливерпул во ова натпреварување во првиот дел од сезоната. Кутињо е принуден да го бодри утре својот тим преку малите екрани.

Кутињо ја искористи оваа шанса да помине повеќе време со своето семејство, со оглед на тоа дека не отпатува со екипата во Лондон. Бразилецот ги разгледуваше познатите туристички места во Барселона, на наиде на голема непријатност.

По разгледувањето на Саград-Фамилије, фудбалерот на Барселона сфати дека му го нема автомобилот. Првично помислил дека е украден, но набрзо му објасниле дека непрописно се паркирал и дека „пајак“ службата го презела неговиот автомобил, па мора да плати казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција го има најскапиот почетен состав на Светското првенство

Почетниот состав на Франција за натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2026 п…