Дома Фудбал Кутињо после дебито: Ова беше специјална ноќ за мене!

Кутињо после дебито: Ова беше специјална ноќ за мене!

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо синоќа го имаше официјалното деби за каталонсккиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кутињо одигра 20 минути во победата над Еспањол во Купот, а после натпреварот не можеше да го сокрие задоволството.

„За мене ова беше специјална ноќ. Бев малку вознемирен, но начинот на кој сите ме прифатија ме опушти и веднаш се почувствував како дел од тимот“, изјави Кутињо.

„Успеавме да победиме и тоа е најважно. Ова беше тежок натпревар, како што се очекуваше, бидејќи Еспањол е многу добар тим. Ја контролиравме играта во првиот дел, па на крајот заслужено победивме“, заклучи Бразилецот.

Барселона за противник во полуфиналето во Купот ја доби Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…