Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кутињо: Нејмар е најдобар, но важен е колективот!

Кутињо: Нејмар е најдобар, но важен е колективот!

Бразил имаше потешкотии на стартот на Светското првенство и ремизираше во првиот меч со Швајцарија, но Филипе Кутињо не е загрижен за пласманот во следната фаза.

„Ние не зборуваме за натпреварот како сè или ништо. Само по последниот натпревар со Швајцарија си рековме дека треба да се подобриме. Сите натпревари се како финале, особено на Светското првенство. Ние треба да преземеме одговорност и нашите глави треба да бидат фокусирани на претстојниот меч со Костарика. Едноставно треба да ги освоиме трите бода“, изјави Кутињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу луѓе мислат дека ние сме кандидат број 1 за титулата само затоа што сме Бразил. Но сите натпревари се тешки. За да ги победиме, треба да се дадеме 110 проценти. Денес екипите се подготвуваат многу за едно Светско првенство. И ова е лекцијата што ја научивме за понатаму“, додаде ѕвездата на Барселона.

Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар заработи мала повреда и е неизвесен за мечот протв Костарика.

„Нејмар е еден од најдобрите во светот, но ние треба да се фокусираме на колективот, а не на поединецот. Така треба да размислуваме. Мораме да направиме се што се бара од нас“, изјави Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Влаховиќ за споредбите: Не сум Нејмар, а ниту Азар или Меси…

Jувентус оваа сезона остана многу далеку од титулата шампион на Италија која вчера ја потв…