Едно од најлошите засилувања во историјата на Барселона, Филипе Кутињо готово сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.
Според шпанските медиуми, Кутињо не е во плановите на новиот тренер на Барселона Чави и се поизвесно е дека овој јануари ќе го напушти „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона го купи Кутињо 120 милиони евра, но Бразилецот никогаш не ги оправда очекувањата, а Барселона сега сака да се ослободи од неговата висока плата.
Најсилен интерес за Кутињо покажува Арсенал, кој сака да го ангажира на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната, а двете страни се блиску до договор.