Дома Фудбал Куман: Ќе беше подобро ако Суарез потпишеше за Јувентус

Куман: Ќе беше подобро ако Суарез потпишеше за Јувентус

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го коментираше решението на клубот да се ослободи од напаѓачот Луис Суарез.

Суарез се пресели во Атлетико Мадрид, каде блеска и со „јорганџиите“ е лидер на табелата во Премера.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ќе беше подобро ако Суарез се преселеше во Јувентус наместо во Атлетико. Но, тоа беше одлука која моравме да ја донесеме. Навистина беше тешко, но покажавме респект кон играчот. Јас продолжувам да се согласувам со тоа дека направивме вистинска одлука“, истакна Куман.

„Сите во клубот знаат дека сме во преоден период и не ме притискаат за титули. Се разбира дека ќе се бориме за трофеи, но не може да се очекува дека сигурно ќе ја освоиме Лигата на шампиони“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…