Дома Фудбал Куман: Само да не полудиме од мислата дека играме во Мадрид

Куман: Само да не полудиме од мислата дека играме во Мадрид

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека утрешното Ел Класико е многу важно, но нема да биде одлучувачко за шампионската титула.

„Многу важен натпревар против одличен тим, кој многу се подобри во последно време како и ние. Нашата цел е титулата во Примера. Меѓутоа, резултатот од утрешниот меч нема да биде одлучувачки бидејќи има уште многу натпревари до крајот. Важно е што за утрешниот меч се враќаат Пике и Сержи Роберто“, истакна Куман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Нашиот тим се подобри во одредени аспекти. Ова нема да биде како првото Ел Класико, каде исто така мислам дека бевме подобриот тим. Само се полам утре да не полудиме од мислата дека играме во Мадрид. Тимот во последно време игра добро и треба да продолжиме така“, додаде Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Се завршува една ера за Бруно Конти во Рома. Италијанската легенда се пензионира по неверо…