Роналд Куман остана на кормилото на Барселона, откако денес раководството на клубот не се договори за одлуката да му биде врачен отказ, пренесува каталонски „Спорт“.
Куман доби последна шанса во дербито против Атлетико Мадрид кое на програмата е во сабота во Мадрид. Ако и во тој меч Каталонците не одиграат добро, тогаш Холанѓанецот со сигурност ќе биде отпуштен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште синоќа после поразот од Бенфика (3:0), директорите на Барселона свикаа итна средба, која се одржа попладнево.
Евентуалниот отказ на Куман ќе го чини клубот 12 милиони евра, па поради тоа сите директори не беа едногласни за негов отказ и Холанѓанецот доби уште една шанса.